Тел. 02/3230-401 e-mailjuzsd-sk@mtsp.gov.mk
Select Page

Комисија за лиценцирање за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита

Сесија за аплицирање за стекнување со општа лиценца

Комисијата за лиценцирање Ве информира дека сесијата за аплицирање за стекнување со општа лиценца  за работа ќе се реализира во период од 29.06.2020 – 06.07.2020 година.

Сите заинтересирани кандидати барањето за полагање на стручен испит за стекнување со лиценца за работа, заедно со другите потребни документи во овој рок треба да ги достават на адресата на ЈУ Завод за социјални дејности, ул. 11 Октомври 42 – а, со назнака за Комисија за лиценцирање, по пошта или лично во архива.

Потребни документи за аплицирање:

  • барање за полагање на стручен испит за стекнување со лиценца за работа (образец);
  • уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1степен;
  • доказ за државјанство на Република Северна Македонија;
  • доказ дека со правосилна одлука не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната;
  • потврда за помината почетна едукација спроведена согласно Програмата за континуирана професионална едукација на стручните работници во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги (потврдите ќе бидат изготвени и ставени во прилог на досието од страна на ЈУ Завод за социјални дејности, за сите стручни работници кои ја имаат поминато почетната едукација);
  • решение за распоредување на работно место на давател на јавна услуга (за вработените во јавните установи) или договор за работа за вработените кај други даватели на социјални услуги и
  • доказ за платен надоместок за трошоците за издавање на лиценца за работа (уплатница).

Потребните документи се доставуваат во оригинал или копија заверена на нотар.

Покрај наведените документи за аплицирање согласно Правилник за начинот за издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценца за работа на стручните работници, формата и содржината на образецот на лиценцата за работа (Сл. весник на РСМ, бр.79/2020), кандидатите кон барањето согласно Програмата за полагање на стручен испит на ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, за полагање  на практичниот дел од стручниот испит треба да приложат и:

Лица за контакт:

Томислав Цветковски мобилен 075 209 002 

Ана Бошњак мобилен 076 284 660 

(ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје) телефон 02/3230-401  e-mail:juzsd-sk@mtsp.gov.mk

Напомена: Лицата кои аплицираат за лиценца, да внимаваат за каква лиценца аплицираат и каде ги уплаќаат средствата. Погоре објавените податоци се однесуваат на лиценца за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита. Овие податоци не се однесуваат на лица кои сакаат да извадат лиценца за работа во градинки.